255
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал (37) соопшти денеска дека нема да игра на Мастерсот во Монте Карло кој започнува на 7 април.
„Тешко ми е да зборувам за спортот. За жал, ве известувам дека нема да играм во Монте Карло“, напиша Надал на социјалните мрежи, без да навести кога би можел да се врати на теренот.
По подолга пауза, Надал се врати на теренот во јануари, но потоа се повреди на турнирот во Бризбејн и оттогаш нема одиграно ниту еден натпревар и неизвесно е кога повторно ќе игра.