Раиола: Подготвени сме да разговараме со Милан

од Vlatko K
114 прегледи

Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола, рече дека тој и неговиот клиент се подготвени да го слушнат евентуалниот предлог на Милан. Гласините за враќање на Швеѓанецот кај еден од неговите поранешни тимови станаа многу интензивни во текот на изминатите неколку дена.

37-годишниот ветеран во моментов блеска со тимот на Лос Анџелес Галакси во МЛС лигата преку Океанот. Но, авантурата во САД нема да биде последна во богатата кариера на Ибракадабра.

Помеѓу 2010 и 2012 година, Ибрахимовиќ постигна 42 гола за Милан, а неодамна спортскиот директор Леонардо зборуваше многу за враќањето на напаѓачот.

„Во моментов, Милан не е можна дестинација, бидејќи разговорот што го имавме се случи одамна, но ние сме подготвени да разговараме повторно“, рече Раиола.

„Во секој случај, барем на чело на Милан дојдоа нормални луѓе и сопственици на кои може да им верувате. Никогаш не сум имал проблеми со „росонерите“, бидејќи – кратко кажано – претходно клубот не го биваше“, изјави агентот.

„Не отворам врата, ниту ја затворам. Постои огромна меѓусебна почит помеѓу Леонардо и Златан. Ибрахимовиќ имаше одлични моменти во Милано и остави парче од неговото срце таму, исто како што беше среќен да игра за ПСЖ“.

„Никогаш во својата кариера Златан не сакаше гаранции, бидејќи знае дека тие се заслужуваат на тренинзите. Ние, во секој случај, треба да разбереме под кои услови би заминал таму“, додаде Раиола.

Слични содржини