Актерот Рајан Рејнолдс одлучи јавно да ја брани својата сопруга Блејк Лајвли и во документот што го поднесе пред судот во Њујорк, го исмева Џастин Балдони за неговите „повредени чувства“.
Тој го нарече Балдони предатор и побара негово исклучување од судењето. Рејнолдс тврди дека Балдони ја малтретирал неговата сопруга на снимањето на филмот „I Ends With Us“, што на крајот доведе до меѓусебни тужби за клевета меѓу двете страни.
На 38-те страници, Рејнолдс се опишува себеси како „сопруг кој дава поддршка и кој од прва рака бил сведок на „емоционалното и финансиското уништување што го претрпела неговата сопруга“.
Тој го обвини Балдони дека се обидува да го засрами затоа што тој е „тип на маж кој е доволно сигурен да ја слуша својата сопруга и да стои покрај неа“.
Рејнолдс истакна дека има целосно право да има лошо мислење за Балдони поради тоа што тој тврди дека и го направил на нговата сопруга. Во документот поднесен во њујоршкиот суд се вели: „Г-дин Рејнолдс има загарантирано право со Првиот амандман да има длабок презир кон г-дин Балдони или кој било маж за кој верува дека сексуално ја вознемирувал неговата сопруга“.
Оваа правна битка е исто така најновиот пресврт во сложениот конфликт меѓу Балдони, Рејнолдс и Лајвли. Блејк Лајвли беше првата што поднесе тужба во декември минатата година, тврдејќи дека Балдони покренал „кампања за оцрнување“ против неа поради тензиите на снимањето на филмот „It Ends With Us“ и дека сексуално ја вознемирувал.
Балдони возврати со противтужба за клевета од 400 милиони долари против Лајвли, Рејнолдс и Њујорк Тајмс.