Рајан Рејнолдс испрати порака за поддршка на болно момче (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Рајан Рејнолдс одлучи да му пружи посебна поддршка на единаесетгодишното момче Броди Дери, голем обожавател на филмот „Дедпул“, кој страда од Кронова болест и рак.

Ѕвездата на филмот „Дедпул“ сними видео порака во која му објасни на момчето кое е негов обожавател како неодамна ја прочитал приказната за неговата борба со тешката болест.

„Сакам да знаеш дека мислам на тебе, ти испраќам многу љубов и сила. Сета сила што ја имам. Голем е бројот на луѓето кои те сакаат многу. Знам дека минуваш низ тежок период, знам дека сето ова е огромен предизвик за тебе, но сакам да знаеш – Броди, ти можеш да го совладаш тоа“, рече Рејнолдс.

Актерот потоа повтори дека испраќа многу љубов кон момчето, како и дека се надева дека ќе се сретнат наскоро.

„Издржи“, рече актерот.

Мајката на момчето Ренди Дери ја опиша за „CTV News“ неговата реакција на видеото на актерот, објаснувајќи како единаесетгодишното момче постојано повторувало дека се чувствува посебно и „како филмска sвезда“.

Таа додаде дека малиот Броди храбро се бори против болеста, но дека филмот „Дедпул“, како и неговиот омилен актер Рајан Рејнолдс, ги разубавува сите тие тешки денови.

Слични содржини