Рајан Рејнолдс ја напушти Блејк Лајвли – ќе мора сама во оваа битка

од Nikola Popovski
885 прегледи

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс порано беа едни од најмоќните парови, но сега одат по својот пат за барем еден од нив да го зачува имиџот. Веќе се шпекулира дека Лајвли има заладени односи со Ана Кендрик, а нивното заедничко појавување на премиерата на филмот „Слатка мала тајна“ покажа дека Кендрик едвај чека да побегне од колешката која во последно време не ја следи добар глас.

Лошиот однос на двете колешки го засени фактот што сопругот овојпат не дојде со неа на црвениот тепих.

Иако Рајан Рејнолдс се покажа како одлична поддршка во тешката битка помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони, овој пат Рејнолдс не го чуваше грбот на својата сопруга.

Напуштањето на Блејк Лајвли во време кога се чувствува незаштитено ја покажува несигурноста на двојката, а извор проговорил за тоа за „DailyMail“, осврнувајќи се на нивното пристигнување на годишнината од шоуто „Saturday Night Live“, откривајќи дека актерката е свесна дека нејзиното место во светот на познатите во моментов е на „многу несигурни нозе“.

„SNL беше тест за да се види како фановите ќе реагираат на нив. Тоа беше нивно прво излегување заедно откако Блејк ја поднесе жалбата и тоа не им појде на добро. Рајан и Блејк сега сфаќаат дека ако сакаат да ги зачуваат своите кариери, не можат да бидат вклучени во исти проекти бидејќи сè ќе биде под строга контрола“, открил изворот.

Тој, исто така, истакнал за странските медиуми дека разделбата на парот се однесува и на заштитата на нивните одвоени приходи: „Блејк не е сигурна за иднината на нејзината кариера поради реакцијата што ја доби. Не сака да има семејство без приход и знае дека кариерата на Рајан ги преживеала сите падови досега“.

Слични содржини