Рајан Рејнолдс откри како изгледал неговиот прв чекор кон сопругата Блејк Лeвили, велејќи дека нивната романса била нешто како бајка.
Рајан и Блејк се заедно скоро 10 години, а актерот сè уште јасно се сеќава како ѝ се додворувал.
„Ја запознав Блејк за време на снимањето на филмот Green Lantern“, рече Рејнолдс на подкастот SmartLess, каде разговараше со водителите Џејсон Бејтмен, Шон Хејс и Вил Арнет.
„Бевме пријатели и колеги и околу година и пол подоцна отидовме на двоен состанок, но тогаш бевме во врска со различни луѓе“, рече Рејнолдс.
Тој додаде дека двајцата секогаш се дружеле пред снимањето и секогаш одржувале контакт, но сè било лежарно.
„Следното што знам е дека таа мораше да оди во Бостон, а морав и јас. Па, ќе одиме заедно. Се качивме на возот и се возевме заедно“, рече тој.
„Цело време ја молев да спие со мене“.
На прашањето колку брзо преминале од врска до сознание дека сакаат нешто потрајно и сериозно, Рејнолдс го опиша тоа како „нешто од бајка“.
„Една недела подоцна, реков: „Треба да купиме куќа заедно. И тоа и го сторивме“, рече актерот.