Рајан Рејнолдс стана сопственик на фудбалски клуб

од Vladimir Zorba
381 прегледи

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс го купи Рексам, велшки фудбалски клуб кој се натпреварува во петтата англиска лига. Тој планира да го направи Рексам глобална сила, која навивачите на овој клуб ја поддржаа.

Ѕвездата на „Дедпул“ го презеде клубот заедно со неговиот колега, актерот Роб Мекелхани. По преземањето на клубот, актерот планира да инвестира два милиони фунти.

Рејнолдс го опиша Рексам, третиот најстар професионален фудбалски клуб во светот, како „гигант што спие“.

– Небото е граница. Ние сакаме Рексам да биде глобална сила – рече Рејнолдс за време на повикот со WST.

Рејнолдс и Мекелхани ветија дека ќе го оживеат тимот, а 98% од навивачите ги поддржаа.

Овој холивудски актер е многу разноврсен кога станува збор за бизнис.

Да потсетиме, само затоа што сака да пие џин, тој купи акции во дестилерија од Орегон, која подоцна беше продадена за 610 милиони долари, а Рејнолдс доби прилично голема сума пари од таа трансакција.

Исто така во јуни годинава, „Матч груп“, која е сопственик на „Тиндер“, „ОкКупид“, „Хинџ“, „ПлентиОфФиш“ и слични страници за состаноци, објави нови членови на одборот, вклучително и Рајан Рејнолдс.

Слични содржини