Ракета на SpaceX слета во Тексас, а потоа експлодираше (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
452 прегледи

Прототип ракета на американската вселенска компанија SpaceX успешно слета по тест лет во американската сојузна држава Тексас, но леталото наскоро го зафати пожар и експлодираше, пренесува Би-Би-Си.

Од медиумот наведуваат дека прототипот на ракетата „SpaceX Starship SN 10“ успеал да слета, за разлика од претходните проекти SN 8 и SN 9, по успешното лансирање во Бока Чика во Тексас и летот на голема надморска височина.

Сепак по слетувањето, ракетата експлодира осум минути подоцна.

„Starship SN10“, како и SN8 и SN9 пред него, се прототипови на ракета развиена од приватната вселенска компанија на милијардерот Елон Маск, со цел да се овозможи превоз на луѓе и товар во идните мисии на Месечината и Марс.

Слични содржини