310
Десетина проектили беа истрелани денеска врз воена база што ја користат коалициските сили предводени од САД во западен Ирак, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори од американската одбрана и претставник на ирачката полиција.
Ракетите ја погодија воздухопловната база Ал Асад во ирачката провинција Анбар, изјави американскиот официјален претставник кој сакаше да остане анонимен. Во моментот штетата се проценува и првичните извештаи сугерираат дека припадник на ирачките безбедносни сили е тешко ранет, јавија американски медиуми.