30
Тренерот на Милан, Пауло Фонсека може да ја напушти функцијата, објави новинарот Николо Шира. Според Шира, некои членови на управата на клубот би сакале да го отпуштат 51-годишниот Португалец по поразот во Лигата на шампионите од Ливерпул (1:3).
Претходно новинарот Маурицио Пистоки објави дека Фонсека може да добие отказ доколку загуби во 5. коло од Серија А од Интер.
Фонсека го презеде италијанскиот клуб во јули 2024 година, потпишувајќи тригодишен договор. Милан под негово водство одигра пет и има биланс – една победа, два нерешени натпревара и два пораза.