Во рамки на своето гостување во „Топ тема“, претседателот на Асоцијацијата на архитекти, Мишко Ралев се осврна на проектот за земјиштето спроти Холидеј Ин и уште еднаш потенцираше дека проблемите кои се таложат уште од минатото, сега се гледаат преку ниската цена за архитектите на пазарот.
„Односите во општеството дојдоа до коска, кога се во прашање урбанизмот и архитектурата. Заклучокот е дека некои работи треба да се променат. Од нашата професија се бара да биде во интерес на граѓаните, проектите итн. Досега не гледаме видливи резултати, но се уште ситуацијата е статус кво. Услугите со ценовниците стануваат проблематични. Ова сега се последици кои со години се таложеле. Досега требаше да се сменат законите кои ги поттикнуваат ваквите цени на пазарот. За овој локалитет пред 30. години стоеше конкрус, сега се е променето“, истакна Ралев.