508
Во своето гостување во емисијата „Клик Плус” на ТВ 21, Владимир Ралевски, кој е претставник на соседството од кулите во непосредна близина на Холидеј Ин истакна дека со петицијата бараат да се сопре градењето кое се најавува на паркингот наспорти „Холидеј Ин”.
„Ние во петицијата се обраќаме до претседателот на државата, до претседателот на Владата, министерот за транспорт и врски и до двајцата градоначалници, односно градоначалникот на Општина Центар и на град Скопје. Ние бараме да се ревидира секаков план за градење на станбено деловен комплекс, кој што ќе содржи во себе доселување на луѓе за резиденција на оваа позиција.” – истакна Ралевски