Рама: Албанија никогаш нема да биде земја во која богатите земји ќе прават кампови за своите бегалци

од Milan1
256 прегледи

Мигрантите кои пристигнуваат во Велика Британија преку Ла Манш би можеле брзо да бидат префрлени во центар за азиланти во Албанија, пишува „Тајмс“.
Министрите размислуваат да отворат центар за азил во Албанија, бидејќи веруваат дека тоа ќе делува како пречка за мигрантите кои се движат од северна Франција во Обединетото Кралство.

Сите кои ќе побараат азил во Британија по илегално пристигнување, со гумени чамци и мали бродови, ќе бидат префрлени во новиот центар во рок од седум дена.

Проектот наводно ќе ги чини британските даночни обврзници 100.000 фунти по мигрант, за патување со авион и сместување.

„Офшор центарот за баратели на азил сега е нашата единствена надеж, бидејќи ништо друго не функционира“, изјави неименуван британски функционер за Тајмс.

Веројатноста за договор со Тирана сега изгледа добро, рече извор од британската влада, и покрај тоа што албанската министерка за надворешни работи Олта Џака ја отфрли идејата минатиот месец.

Но, по овие наводи на „Тајмс“, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека во Албанија нема да се гради бегалски камп за мигранти од Велика Британија.

Веднаш одговори Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека во Албанија нема да се гради бегалски камп за мигранти од Велика Британија.

Рама реагираше на пишувањето на „Тајмс“ дека британската и албанската влада водат тајни преговори за трансфер на бегалци од Велика Британија во Албанија, пренесува „Албаниан пост“.

– Албанија никогаш нема да биде земја во која богатите земји прават кампови за своите бегалци. Никогаш, напиша Рама во изјавата.

Слични содржини