Албанскиот премиер Еди Рама ја спореди моменталната ситуација во Авганистан со Албанија во 90 -тите години, кога жителите на земјата избегаа од режимот на Енџер Хоџа.
„Албанците беа Авганистанци пред 30 години“, рече Рама во интервју за „Сандеј Тајмс“.
Тој посочи дека ситуацијата во Авганистан е целосно јасна за Албанците.
„Европејците знаат што е војна само преку Нетфликс, додека за Албанците сето тоа е реално. Ние бевме Авганистанци пред три децении кога избегавме од сопствениот пекол“, рече тој, пренесува албанскиот портал „Панорама“.
Тој изјави дека, за разлика од многу други европски земји, „за Албанците, конфликтите, гладот и иселувањето се искуства запишани во меморијата“.
Тој додаде дека со децении, под власта на диктаторот Енвер Хоџа, Албанците биле подложени на брутална репресија и дека земјата стана најсиромашна и најизолирана во Европа.
Тој објасни дека пет години по смртта на Хоџа, во 1990 година, комунистичкиот режим паднал и дека во тоа време започнале немири и насилство во Албанија.
„Авганистанците сега се Албанци од пред 30 години и ние треба да бидеме со нив како што беа другите со нас“, заклучи Рама.
Албанија е меѓу првите земји што одговори на барањето за прием на бегалци од Авганистан, а првиот авион со околу 300 лица се очекува да слета во таа земја оваа недела.