Рама: Бугарија ја киднапира ЕУ

од Nikola Popovski
232 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека Бугарија ја „киднапирала“ ЕУ.

Тој рече дека денеска имал опсежни разговори со лидерите на Србија и Северна Македонија за учество на претстојниот Самит на ЕУ.

„Денес опширно разговаравме со лидерите на Србија и Северна Македонија за претстојниот Самит на ЕУ“, напиша Еди Рама на Твитер.

„Изгледа како уште едно ‘Не, извини!’“. Она што на крајот ќе го слушнеме. Целата Унија, киднапирана од Бугарија, не е добар спектакл за гледање. Што да се прави таму?“, праша Рама.

„Во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит, денес одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама. Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес“, напиша на својот Фесјбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

Слични содржини