Рама: Денес проблемот не е балканскиот национализам туку европскиот национализам

од Milan1

Албанскиот премиер Еди Рама ги повика лидерите на Западен Балкан да ги отфрлат влијанието на некои надворешните сили и да ја задржат вербата во сонот за влез во Европската унија.

Еди Рама рече дека Албанија „никогаш нема да се откаже од Европа и ЕУ, без разлика каква форма на прием ќе усвои ЕУ во иднина“, истовремено критикувајќи ја политиката на блокот дека е под силно влијание на националистите.

Во интервју за Фајненшл Тајмс, тој призна дека чекањето било разочарувачко и дека  Русија, Кина и Турција се додворуваат на регионот.

„Другите можат да донесат пари, инвестиции, можеби дури и црн кавијар, но нема да можат да го донесат она што ви треба за да изградите слободна функционална земја“, рече тој.

Премиерот коментираше дека Босна и Херцеговина се соочува со најсериозната политичка криза од граѓанската војна пред 25 години, предизвикана од повиците за одвојување на тврдокорниот лидер на босанските Срби.

Рама вели дека е загрижен поради растечкиот национализам во Босна, но дека национализмот на ЕУ во моментов е најголемата пречка за амбициите на оние во регионот кои бараат членство во унијата.

ЕУ не се „оздрави“ од бегалската криза од 2015 година, кога повеќе од милион лица бараа засолниште во Европа, главно бегајќи од војната во Сирија. Оттогаш, ЕУ се движи првенствено од страв, а не од аспирација, а владите кои сами по себе не се екстремни се под влијание на екстремисти“, вели Рама.

Кога Албанија го започна пристапниот процес пред речиси две децении, клучот беше да се оддалечи од балканскиот национализам, но денес проблемот не е балканскиот национализам, туку европскиот национализам. Она што не држи подалеку од членството во ЕУ е влијанието на европскиот национализам врз политичкиот живот на важните земји од ЕУ.

Од шесте земји од Западен Балкан, Албанија, заедно со Србија, Црна Гора и Македонија се кандидати за членство во ЕУ, а Косово и Босна се потенцијални кандидати. Регионот има големи проблеми со корупцијата и вледеењето на правото.

„Албанците се разочарани од Брисел, но тоа не го менува верувањето дека треба да бидеме таму“, рече тој.

Во својот трет мандат, Рама ја промовираше идејата за заеднички регионален пазар, за кој се договорија сите шест земји од Западен Балкан во ноември 2020 година. Во обид да го забрза процесот, Албанија, заедно со Србија и  Македонија, потпишаа договор за спроведување на некои од договорените одредби.

„Ако го направиме ова на Балканот, тоа ќе биде најдобриот начин да го одвратиме лудилото, а ако не го направиме, никој нема да го направи тоа наместо нас“ вели Рама и  признава дека има одреден отпор кај другите три страни. Босанците затоа што не можат да донесат одлука за ништо, очигледно, Црногорците, затоа што сеуште живеат со илузијата дека можат да влезат во ЕУ следната година, а секоја наредна година станува следната и Косово поради неговата проблемите со Србија кои можат подобро да се решат кога луѓето ќе седнат и разговараат“.

Што се однесува до Албанија, која мина низ болна транзиција во изминатите 30 години за да ја обнови својата економија по крајот на комунистичкиот режим, тој вели дека „тоа може да биде место каде што луѓето уживаат во животот.

Слични содржини