Рама: Европската политичка заедница е преродба во кризни времиња

од Nikola Popovski
136 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека европската политичка заедница не е нова идеја, туку преродба во кризни времиња.

Пред почетокот на самитот во Прага, тој рече дека се надева дека нема да имаме повеќе кризи, пренесува „Albanian post“.

– За нас е важно ЕУ да нема ѕид, да сме сите заедно – рече Рама.

Директорот за истражување на Центарот за европски политички студии (ЦЕПС) Стивен Блокамс рече дека брзината со која е организирана оваа средба укажува дека има „прашања што ги надминуваат билатералните несогласувања и имаат врска со иднината на европската безбедност“.

Целта би била да им се даде на земјите кандидати чувство на припадност во европскиот блок пред нивниот официјален прием.

Слични содржини