Рама ги повика Албанците во Велика Британија да се вратат во татковината и да инвестираат

од Nikola Popovski
51 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама преку својот подкаст „Фласим“ ги повика Албанците во Велика Британија да се вратат во татковината и да инвестираат, пренесува „Демократија“.

Рама им порача на Албанците во странство дека во Албанија има нешто што не можат да го најдат никаде на друго место.

„Има нешто овде што не можете да го најдете никаде на друго место, тоа што го разбрав кога се вратив, ќе го разберете и вие. Ајде, вратете се. За себе, вратете се и испијте кафе. Дали пиете кафе во Англија, кажете ми?“, прашал Рама.

Шефот на албанската Владата во подкастот разменувал и шеги со своите гости, означувајќи ги Холанѓаните како „Ѓирокастријани на Европа“ затоа што доаѓаат само да се забавуваат.

Според него, Холанѓаните се страсни за природата, но и паметни за управување со трошоците. Тој додадл дека и покрај некои коментари кои сугерираат дека Албанија е поскапа од Европа, тоа не е точно.

„Холанѓаните се најголеми трговци, доаѓаат овде затоа што е поевтино. Тие се Ѓирокастрите од Европа, Ѓирокастрите се дарежливи, „тирани“ во споредба со Холанѓаните. Ја сакаат природата, но имаат сè во џебот. Вие сте господари, тие плаќаат помалку. Овде е забавно, тие се забавуваат. Има и такви кои велат дека ова е поскапо отколку во Европа“, кажал Рама.

Слични содржини