Рама и Абазовиќ отпатуваа за Киев

од Nikola Popovski
323 прегледи

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама денеска заедно отпатуваа во Украина, објави Рама на Фејсбук.

„Во Киев на покана на претседателот (на Украина) Володимир Зеленски“, напиша Рама и сподели фотографии со Абазовиќ.

Претходно Абазовиќ ја иницираше идејата премиерите на Западен Балкан заедно да заминат во Киев, но, како што претходно беше навестено во медиумите, со него отпатува само Рама.

Премиерот Димитар Ковачевски не отпатува со двајцата негови колеги поради набиената агенда во наредните денови. Како што информира вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи, Ковачевски не заминал за Киев поради одржувањето на Преспа форумот за дијалог, кој ќе се одржи на 16-ти и 17-ти јуни во Охрид.

Слични содржини