Албанскиот премиер Еди Рама денеска се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на која разговарале за ситуацијата на северот на земјата, како и за претстојниот самит на НАТО во Вилнус и за Берлинскиот процес.
„Кога станува збор за безбедносната состојба на северот, претседателот Османи посочи дека Косово покажа волја за деескалација, нудејќи да организира нови избори на северот на земјата, во согласност со законската рамка на Косово. Исто така, таа истакна дека е императив оние кои ги нападнаа членките на НАТО, новинарите, косовската полиција и граѓаните на северот да одговараат пред законот, бидејќи неказнивоста може да поттикне уште поголемо насилство“, се наведува во соопштението на Кабинетот на Османи.
Во соопштението за Берлинскиот процес, се наведува дека Османи и Рама разговарале за „неопходноста од стапување во сила на сите договори постигнати досега во овој процес, особено оние кои се однесуваат на слободата на движење, како и за можноста за зголемување на проектите и корисни средства за земјите од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес”.