Рама: Инцидентот во парламентот е срам кој ѝ штети на Приштина

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го оцени инцидентот во приштинскиот парламент како срам кој ѝ штети на Приштина на меѓународен план.

„Несогласувањето со премиерот е демократско, вака да го изразите своето противење значи да се оцрните себеси, вашите гласачи и целата земја со срам, што денес му штети на Косово на меѓународен план, повеќе од која било политичка позиција што му се спротивставува на премиерот!“, напиша Рама на Твитер.

Замислете колку се чувствуваат незаменливи сојузниците и пријателите на Приштина и Албанците, кога гледаат како Албанците се фаќаат за гуша, каде треба да се бориме со идеи и зборови, а не со навреди и тупаници, порача Рама.

„Навистина сакам опозицијата да се огради од ова срамно однесување и да му служи на Косово со силата на примерот, а не со примена на сила!“, посочи албанскиот премиер.

За време на денешното обраќање на премиерот на Косово Албин Курти во косовското Собрание дошло до тепачка меѓу пратениците која избила откако еден од пратениците го полил Курти со вода.

Слични содржини