Рама ја поддржа одлуката на Косово за враќање на имотот на манастирот Високи Дечани

Рама во пост на платформата „Х“ ги охрабри косовските лидери да ја продолжат соработката со сојузниците за да докажат дека Косово е зрел и доверлив партнер.

од Бети Божиноска
286 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама, ја поддржа денеска одлуката на владата на Косово за спроведување на одлуката на Уставниот суд за земјиштето на манастирот Високи Дечани, пренесува „Репортери“.

Рама во пост на платформата „Х“ ги охрабри косовските лидери да ја продолжат соработката со сојузниците за да докажат дека Косово е зрел и доверлив партнер.

„Целосно ја поддржувам одлуката на владата на Република Косово – подобро подоцна отколку никогаш – да ја спроведе одлуката на Уставниот суд во врска со манастирот Високи Дечани. Го охрабрувам раководството на Косово да продолжи да сорљаботува со нашите заеднички клучни сојузници за да покаже дека Република Косово е навистина сигурен, зрел партнер на евроатлантската заедница“, напиша Рама во „Х“.

 

Косовскиот премиер Албин Курти претходно денеска на седница на владатата соопшти дека побарал од Агенцијата за катастар да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за префлрање на земјиштето на Дечанскиот манастир.

Курти исткна дека на Косово му станало јасно дека ќе мора избере меѓу две опции: да ја спроведе одлуката на Уставниот суд и да напредува кон членство во Советот на Европа годинава или да се откаже од агендата за членство во СЕ.

Централната власт наводно веќе отворила комунијација со општината Дечани, во која на власт е опозициската партија ААК, за да го убеди градонаќалникот Башким Рамосај да ја почитува одлуката на Уставниот суд.

Слични содржини