Премиерот на Албанија, Еди Рама порача дека Косово мора што поскоро да дејствува за да се врати на масата со Србија, бидејќи, како што рече, со време може да биде принудено да „проголта“ нешто тешко.
Рама додаде дека Косово губи време со тоа што не го прифаќа француско-германскиот план и дека изгубените можности за преговори и даваат предност на Србија.
Потенцира дека ќе продолжи да го повикува Курти да се повлече од своите постапки, пренесува „Коссев“.
„Косово ја нуди најдобрата можна маса за својата иднина. На маса е француско-германски план, за Косово е тоа на прво место, а ние Албанците сме први заинтересирани да го истуркаме до крај, инсистирајќи на маса, инсистираме да го искористиме овој голем потенцијал на сојуз и пријателство со евроатлантската заедница да ја принуди Србија да го прифати француско-германскиот план, што практично значи – конечно отворање на идниот пат за Косово, кој сите го признаваат и кој седи на неговото место во Обединетите нации. Ако го заборавиме ова, тогаш влегуваме во шума без секира и веќе не разбираме за што зборуваме“, изјавил Рама во интервју за „Еуроњуз“.
Го повторил својот став во однос на северот на Косово.
Зборувајќи за посетата на поранешниот претседател Бил Клинтон на Тирана, Рама истакнал дека тој бил клучен во косовското прашање за време на војната, но дека сега Косово не го слуша.
„Двајцата големи татковци на она што се случи на Косово се Бил Клинтон и Тони Блер, но дојде моментот кога детето не ги слуша своите татковци“.