199
Косово треба да одговори позитивно на прифаќањето на Авганистанците доколку тоа го побараат САД, смета албанскиот премиер Еди Рама.
– Не знам дали Американците побараа од Косово да ги тргне Авганистанците кои се изложени (пред талибанците) како пријатели и поддржувачи на сојузничките војски. Би сакал, ако е така, Владата на Косово да даде позитивен одговор, од својата чест и на Косово, се разбира – наведе Рама на Фејсбук.
Тој додаде дека на самитот на НАТО, тој самиот изразил загриженост за безбедноста на авганистанските соработници на Алијансата по нејзиното повлекување од Авганистан.