Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплатува патарина

од Milan1
99 прегледи

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплатува патарина.

Ова го објави како „поволна вест” албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните, неговиот поткаст, „Очи во очи” на Фејсбук.

– Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплатува патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата, рече Рама.

Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.

Слични содржини