Рама: Очекуваме дополнителна поддршка од ЕУ за земјите од Западен Балкан

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека очекува самитот на земјите од Западен Балкан, што се одржа денеска во Тирана, да послужи како натамошен чекор за олеснување на интеракцијата меѓу земјите од регионот и Европската унија.

„Паралелно со преговарачкиот процес, очекуваме дополнителна финансиска и економска поддршка за земјите од Западен Балкан“, рече Рама, пренесува АП.

Тој изјави дека претставниците на земјите од Западен Балкан разговарале со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеjи како да се отворат патиштата кон интеграција на единствениот европски пазар.

Слични содржини