Албанскиот премиер Еди Рама објави дека отпатувал во САД за да ја донесе вакцината за коронавирус во Албанија што е можно поскоро.
Еди Рама преку објава на Твитер истакна дека „ќе го преврти секој камен“, за вакцината против Ковид-19 да пристигне во Албанија што е можно поскоро“.
„Да се добие вакцината што е можно побрзо е приоритет на нашата борба против невидливиот непријател. За таа цел, служи контактот лице-в-лице со производители на вакцини. Јас сум на пат кон САД“, рече Рама.
Во меѓувреме, албанската министерка за здравство и социјална помош, Огерта Манастирлиу, рече дека албанската влада е во процес на преговори со неколку компании за да обезбеди навремено вакцина против Ковид-19.
Таа исто така нагласи дека владата направила аванс од 3,9 милиони долари со цел да се овозможи вакцина што е можно побрзо.