Рама: „Отворен Балкан“ е од витално значење за мирот и решавање на конфликтите

од Nikola Popovski
197 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама вечерва изјавил дека реализацијата на иницијативата „Отворен Балкан“ е од витално значење, бидејќи подразбира четири основни европски слободи на Западен Балкан, кои се однесуваат на движењето на стоки, луѓе, капитал и услуги, и истакна дека тие се клучни за решавање на конфликтите во регионот, пренесува „Albanian post“.

-Тие четири слободи се од витално значење за нас, од витално значење за безбедноста во овој регион и од витално значење за мирот и решавањето на конфликтите во оваа област“, ​​порачал албанскиот премиер.

Рама посебно се осврнал на проектот „Син коридор“ кој треба да го поврзе Балканот од најсеверниот дел на Хрватска до Грција, а поминува и низ Албанија.

Тој нагласил дека за проектот е потребна помош од Европската Унија, но и од Црна Гора, бидејќи, како што посочи, ако црногорскиот сегмент остане недоволно развиен, тогаш дел од коридорот е изгубен, пренесува „Косово онлајн“.

Слични содржини