Рама повторно ја критикува ЕУ за вакцините: Тие се грижат само за себе

од Nikola Popovski
165 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно ја критикуваше Европската унија, изјавувајќи дека во овие тешки времиња, таа се грижи само за себе.

Тој тоа го рекол на прес-конференција, во пресрет на почетокот на вакцинацијата, пренесува албанскиот дневен портал „Albania daily news“.

Рама рече дека стратегијата утврдена од ЕУ за инвестирање во Ковакс-системост за вакцинација се уште неопределено време да го започне процесот.

„И покрај посветеноста кон Ковакс, засега е непознато колку долго може да трае тоа чекање. Од таа причина, ние се свртевме кон другите канали и директно контактиравме со производителите на вакцините“, изјавил Рама.

Тој додаде дека се отворени четири канали со четири земји, и дека вакцинацијата, која започнува денес, е овозможена преку една земја-членка на ЕУ, но тој вели дека не е овластен да кажува која е таа

„Не е Грција“, соопштил Рама.

Тој додаде дека целта на владата е да го зголеми капацитетот за вакцинација и се надева дека наскоро ќе се постигне договор за вакцините на компанијата „АстраЗенека“.

Рама изјавил и дека ќе се вакцинира, можеби преку ред, зашто со оваа имунизација планирано е прво да се опфатат здравствените работници, но тоа ќе го стори во знак на сензибилизација за сите скептици.

„Секако дека тоа ќе го сторам само за да дадам јасна порака дека не само што е безбедно туку и е оружје за уништување на овој невидлив непријател. Министерката Манастирлиу и сите други ќе чекаат ред, зашто не може да влезат и да го земат она што им припаѓа на лекарите, медицинските сестри, полицајците“, вели тој.

Слични содржини