Рама повторно најави создавање на верска држава во Тирана по моделот на Ватикан

од Nikola Popovski
218 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја ќе формира суверена муслиманска држава во Тирана за верскиот поредок на бекташките муслимани, по моделот на Ватикан во Рим, за да ја зачува и промовира верската толеранција.

„Тоа би била енклава на исламскиот суфиски ред, една од најмалите држави во светот и би имала своја администрација, но без даноци или полиција и нема да го доведува во прашање суверенитетот на Албанија“, рече Рама на церемониjata по повод 95-годишнината од преместувањето на седиштето на Светскиот центар на Бекташите во Албанија од Турција.

Со ова бекташките муслимани, исламско дервишко братство, ќе биде суверена микродржава слична на Ватикан во Рим.

Рама рече дека симболичната држава ќе биде без ѕидови, полиција, војска, даноци или други атрибути, но ќе биде духовна држава.

Тој не соопшти детали кога има намера да ја спроведе таквата намера, иако истовремено албанскиот парламент би требало да го одобри планот.

Новата микродржава би се протегала на 27 хектари од територијата на сегашниот Светски центар на Бекташите, кој се наоѓа во источниот дел на албанскиот главен град од 1930 година. По површина би бил речиси пет пати помал од Ватикан.

Рама претходно изјави дека целта е Светскиот центар на Бекташите е да се трансформира во суверена држава – нов центар на умереност, толеранција и мирен соживот.

Основан во Отоманската империја во тринаесеттиот век како огранок на суфизмот, Редот на Бекташи е со седиште во Албанија од 1929 година, откако новосоздадената Турска Република Кемал Ататурк го спречи да дејствува.

Развојот на ова движење е поврзан со појавата на јаничарите во Отоманската империја и со „данокот во крв“ – одведувањето на момчиња и млади момчиња од Балканот на образование во денешна Турција.

Рама минатата година рече дека Албанија планира да формира држава во источниот дел на главниот град на земјата како духовен центар на исламскиот суфиски ред Бекташи, чии членови се расфрлани низ регионот во Македонија, Косово, Србија, како и во Албанија.

Според последниот попис, околу 10 отсто од населението во земјата припаѓа на овој ред.

Слични содржини