167
Албанскиот премиер Еди Рама во пресрет на вечерашното отворање на дводневниот самит на членки на Отворен Балкан во Охрид рече дека реализацијата на тој голем проект е од витално значење и подразбира имплементација на четирите основни европски слободи на Западен Балкан – движење на стоки, луѓе, капитал и услуги.
„Овие четири слободи на движење се од витално значење за нас, од витално значење за безбедноста во регионот и за мирот и решавањето на конфликтите во Европа“, рече тој.
Рама посебно се осврна на поврзувањето на регионот со помош на проектот „Син коридор“.