Рама разговарал за напредокот на Албанија на патот кон ЕУ со Кошта

Албанскиот премиер Еди Рама се сретна со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Брисел, со кого разговараа за напредокот на реформите, актуелните предизвици, следните чекори на патот на Албанија кон Европската Унија, како и за поддршката на европските институции за овој процес, објави АТА

од Vladimir Zorba
6 прегледи Фото: Фејсбук/Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама се сретна со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Брисел, со кого разговараа за напредокот на реформите, актуелните предизвици, следните чекори на патот на Албанија кон Европската Унија, како и за поддршката на европските институции за овој процес, објави АТА.

Рама објави фотографии на социјалните мрежи од вчерашната средба со Кошта, пишувајќи дека претседателот на Европскиот совет е негов „драг пријател“.

Средбата меѓу албанскиот премиер и Кошта се одржа во рамките на вчерашната посета на албанскиот премиер на Брисел, забележа агенцијата.