Рама: Русија би била задоволна со нов конфликт на Балканот

од Nikola Popovski
152 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека Москва подгрева конфликт на Балканот и го загрозува кревкиот мир, со тврдење дека Русија би била задоволна доколку нешто почне во насока на конфликтот во регионот.

„Дали сте слушнале колку пати Путин го спомнува Косово во своите говори? Постојано повторува: „Косово, Косово, Косово“. Шефот на Кремљ го поттикнува најболниот од сите нерешени проблеми на Балканот и прави се за да запали нов фитил“, рече Рама.

Рама вели дека симпатиите кон Москва се силни во Србија и во Република Српска.

„Осумдесет проценти од православните Срби позитивно мислат дека Путин само му покажува заби на Запад во Украина, ако можете да го кажете тоа“, додаде Рама.

Тој наведува и дека жителите на регионот се поделени на оние кои се против Путин и оние кои го поддржуваат.

Премиерот на Албанија ги повтори претходните зборови дека „одлуката за независноста на Косово е правилна“.

„На крајот на денот, сега има процес на мир и помирување, иако тој процес ќе трае долго“, рече Рама.

Тој исто така смета дека „има длабока поделба меѓу црногорското и српското население во Црна Гора“, но додаде дека е добро што постои Отворен Балкан.

„Неодамна има охрабрувачки случувања на Балканот. Затоа сакам Србија, Албанија и Црна Гора да создадат некаква мини-шенген зона за подобра размена“, рече Рама.

Слични содржини