Албанија е сè уште далеку од амбициозната цел на премиерот Еди Рама за елиминирање на плаќањата во готово во земјата до 2030 година, бидејќи дигиталните плаќања сè уште предизвикуваат сомнеж или неверица во повеќето кафулиња, салони за убавина, такси и помали продавници во земјата, пишува бриселски „Политико“.
Плаќањата со картички најчесто се прифаќаат во поголемите ресторани и синџир продавници, но албанските граѓани имаат длабоко вкоренета недоверба кон банките и дигиталните трансакции и обично ги чуваат своите пари во „палети“.
Иницијативата на Рама е мотивирана од борбата против сивата економија, која Европската комисија ја идентификуваше во својот извештај од 2024 година како пречка за развој на конкуренцијата и легалниот бизнис.
Професорот по економија Селами Џепа истакнува дека елиминирањето на готовината е „апсолутен приоритет за земјите со висока стапка на неформалност и дестабилизирачко присуство на нелегални пари во финансискиот систем“.