Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека спроведувањето на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е од суштинско значење за мирот на Западен Балкан.
Рама изјави дека спроведувањето на Договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, како и неговиот анекс за имплементација, е од најголема важност за одржување на безбедноста, стабилноста и мирот на Западен Балкан.
Тој на социјалната мрежа Х напиша дека не е доволно само да се признае дека Договорот е правно обврзувачки.
„За да се обезбеди напредок, Договорот и Анексот за имплементација мора формално да бидат вклучени како интегрални делови на процесот на пристапување во ЕУ на Косово и Србија. Секое одложување на ова само го зајакнува статус квото. И статус квото на овој стратешки клуч за мирот, просперитетно и европско соседство среде Европа не и служи на безбедноста на самата Европа“, напиша Рама.