Рама: Сегашниот пристап на Приштина кон „Отворениот Балкан“ не ја води никаде

од Берта Китинска
516 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска во врска со ставот на Косово за прашањето за „Отворениот Балкан“ и одбивањето да учествува во таа иницијатива  изјави дека таквиот пристап на Приштина не води никаде.

Рама во интервју за „Њуз24“ посочи дека премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти, има поинаков пристап во однос на „Отворен Балкан“, иницијатива која, како што наведе, ќе придонесе за решавање на проблемите  меѓу Белград и Приштина.

„Мислам дека пристапот на Косово, поточно на креаторите на политиките и носителите на одлуки во Косово, е длабоко различен. Тоа е нивно право, но од друга страна, убеден сум дека оваа иницијатива е неопходност, но и пристап за ослободување на многу затворени потенцијалите на овој регион и олеснување на дијалогот и конечното решавање на косовското прашање“, рече Рама.

Тој додаде дека не сака да влегува во полемика со Курти, но дека неговиот пристап, т.н. Косово не оди никаде, пренесува Косово онлајн.

„Албин има своја визија. Го сакам најдоброто за Косово и затоа не можам да не кажам дека сегашниот пристап е предодреден да пропадне и Косово не води никаде. Косово веќе неколку години е позитивен, сигурен и посакуван партнер на албанските сојузници. Овој пристап не е позитивна работа“, изјави Рама.

Слични содржини