330
Албанскиот премиер Еди Рама ја критикуваше Европската унија во врска со дистрибуцијата на вакцината против Ковид-19.
Тој го критикуваше одложеното снабдување на земјите од Западен Балкан.
Според албанските медиуми, Рама денеска ја критикувал ЕУ затоа што Унијата ги оставила земјите од Западен Балкан да чекаат залихи на вакцини се додека земјите-членки не обезбедат доволни дози за нивната популација.