Рама: Треба да се забрза процесот на воведување на Западен Балкан во ЕУ

од Vladimir Zorba
386 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека сложеноста на Западен Балкан е уште една причина зошто треба да се забрза процесот на интеграција на регионот во Европската унија, јавува Радио телевизија Албанија.

Во својот говор на самитот за глобален дијалог во Берлин, Рама рече дека по почетокот на конфликтот во Украина, дури и најскептичните земји ја сфатиле геополитичката важност на Западен Балкан.

„По руската инвазија, дури и најскептичните, па дури и најоддалечените земји ја сфатија геополитичката важност на Западен Балкан. Западен Балкан има прилично тешка историја, но тие се во срцето на Европа. Не постои друго решение освен влез на Западен Балкан во ЕУ Комплексноста на Западен Балкан и денес е една од причините зошто треба да се забрза процесот на интеграција во ЕУ“, рече Рама.

Слични содржини