529
Албанскиот премиер Еди Рама рече дека заживувањето на национализмот во Европа ги попречува плановите за проширување на ЕУ на неговата земја и другите земји во регионот.
„Работите се променија и се сменија во погрешна насока за сите нас“, рече Рама на конференцијата во Атина организирана од грчката влада и британското списание „Економист“, пренесува агенцијата АП.
„Еднаш ни беше кажано дека овој процес, процесот на интеграција, на пример со сила, ќе го потисне балканскиот национализам. Но, погодете што? Денес сме заложници на европскиот национализам. И тоа е тажно. Многу е тажно“, рече Рама.