Рама за туристичката сезона: Албанија нема да поставува услови или некаква пречка

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама, рече дека Албанија нема да им наметне никакви услови или пречки на оние кои оваа година сакаат да дојдат во таа земја на летен одмор, пренесе „Лајми“.

Ова значи дека туристите кои сакаат да поминат одмор во таа земја нема да имаат потреба од потврда за вакцинација.

Рама истакна дека барањата за летни резервации постојано се зголемуваат.

„Албанија нема да поставува услов или каква било пречка за сите оние кои сакаат да дојдат во Албанија за летни одмори. Ова треба да биде многу поуспешна туристичка сезона отколку минатата година“, рече Рама.

Слични содржини