Рамадани: Изјавата на Каракачанов е апсурдна

од Aleksandar Petrovski
507 прегледи

Во гостувањето во Само Вистина, претседателот на евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани рече дека како сојузници во НАТО изјавите од типот на онаа на Каракачанов се неприфатливи.

-Изјавата на Каракачанов е сериозна но и апсурдна. Бидејќи изјавата доаѓа кога и тие и ние сме членки на НАТО, има некои правила меѓу сојузниците кога вакви изјави не се прифатливи. Очекувам да реагираат и од седиштето на НАТО, па дури и од генералниот секретар. Би требало да има реакција затоа што ако упатиш ваква закана кон земја сојузник тоа веќе ги надминува сите граници на однесување помеѓу членките на НАТО. Ваквите изјави на Каракачанов му се за внатрешна употреба бидејќи според анкетите тој нема да успее да влезе во Владата, односно нема да биде никаков фактор.

Одговорот на нашата министерка е на ниво, а понатаму министерката и премиерот тоа треба да го разговараат и со седиштето на НАТО и генералниот секретар, рече Рамадани.

Слични содржини