427
Во своето гостување во „Само вистина“, политологот Исмет Рамадани, го посочи своето гледиште во рамки на преговорите со Бугарија и евроинтеграциите на земјава во ЕУ.
„Бугарија нема да успее да го пробие овој коридор од заштита на дел од земјите членки од ЕУ. За вакви прашања е важно да се соработува со Владата. Пожелно е да внимаваме како градиме демократија во нашите односи и за тоа сите сме одговорни. Бугарија е внатре, а ние надвор. Заев беше нападнат за интервјуто, но тој се обиде со сите свои обиди да не падне довербата, со цел, Бугарија да се откаже од ветото. Тој е меѓу најразочараните“, истакна Исмет Рамадани.