5,6K
Блерант Рамадани од АА – крило на Таравари – Коалиција „Вреди“ во емисијата 24 анализа рече дека Стоилковиќ е предлог на коалициониот партнер.
– Кажуваме дека такви ставови нема да прифатиме и нема да има компромис во иднина. Секој претставник на било која политичка партија која ќе раководи со една институција, неговата улога треба да биде во интерес на граѓаните, не само на една етничка припадност. Не е наш предлог, Стоилковиќ беше предлог на нашиот коалиционенен партнер. Значи за такви ставови нема да има компромис. Едни од главните постулати ќе биде евроинтеграцискиот процес. Ние не го донесовме Стоилковиќ, туку го најдовме во ДУИ, не го донесовме ниту Отворен Балкан, рече Рамадани.