Во рамки на своето гостување во „Само вистина“, Исмет Рамадани се осврна на разговорот помеѓу Мицкоски и Заев и денес донесените заклучоци врзани за пописот, но и блокадата на Собранието.
„Со деструктивна опозиција тешко се соработува, бидејќи секоја власт има потреба да соработува со опозицијата. Така, ние имаме негативни поени кај ЕУ и меѓународната заедница. Кај нас мора да се води дијалог, бидејќи ние забораваме дека власта секогаш треба да најде начин за водење на дијалогот, но истовремено да се покаже интерес и од опозицијата. Ние, секогаш чекаме интервенција од надвор, и треба да сфатиме дека сме земја на НАТО и не сме во фаза само на промоција на евроатлантските вредности, туку треба да ги применуваме. Дали забележувате дека од надвор добиваме пружена рака за пријателство и добиваме добри пораки. Столтенберг, Рикер, американецот Бург и слични големци, покажуваат поддршка која треба да се цени и истата треба да се заслужи. Според мене, имаме одличен тим кој ја покрива надворешната политика и е оценет како одличен тим кој создава позитивен наклон од луѓето кои ги водат алијансите и силните демократски земји“, истакна Рамадани.