Ранду од „Касандра“ сега има 60 години, никогаш не би го препознале (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

„Касандра“ е веројатно најгледаната латиноамериканска теленовела на сите времиња на овие простори. Скоро нема никој што не знае за Касандра, Игнатиј, Луис Давид, Ранду и Доринда.

Славниот Ранду, на кого Касандра му беше ветената невеста, беше смртно вљубен во неа, а во серијата беше фрлач на ножеви во циркус.

Актерот кој го играше Ранду се вика Хенри Сото и денес има 60 години, а судејќи според фотографиите, денес тој воопшто не личи на славниот лик од серијата.

Иако го паметиме по долгата црна коса и марами, Хенри денес е „побелен“, има пократка коса, а има и брада и мустаќи.

Сепак, дури и по толку многу години, многумина го поврзуваат со Касандра, а тој самиот не заборави на својата славна улога, па често објавува снимки од оваа серија.

Денес, Хенри игра во театар и се занимава со хуманитарна работа.

Слични содржини