178
Двајца полицајци од американскиот град Филаделфија биле ранети од огнено оружје за време на прославата на Денот на независноста на 4 јули, објавија локалните власти и медиумите.
Двајцата полицајци се во стабилна состојба, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на полициската управа, пренесува „Ројтерс“.
Според извештаите, полицијата трага по напаѓачот, а на жителите во околните згради им е наредено да се евакуираат на безбедно.