Рускиот претседател Владимир Путин влезе во првите 10 најпочитувани луѓе во светот во 2021 година, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од британската компанија „ЈуГов“.
Анкетата покажува дека лидерот на Русија годинава се искачи за три позиции и го зазеде деветтото место.
Како и минатата година, поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел се на врвот на рејтингот на најпочитуваните луѓе.
Меѓу десетте најпочитувани личности во машкиот свет се основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, кинескиот претседател Си Џинпинг, фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси, актерот Џеки Чен, милијардерот и основачот и основач на „Спејс Икс“, Илон Маск, индискиот премиер Нарендра Моди и основачот на „Алибаба“ Џек Ма.
Поранешниот и актуелниот американски претседател Доналд Трамп и Џозеф Бајден се најдоа на 13-то, односно 20-то место.
World's Most Admired Men 2021 (1-10)
1. Barack Obama 🇺🇸
2. Bill Gates 🇺🇸
3. Xi Jinping 🇨🇳
4. Cristiano Ronaldo 🇵🇹
5. Jackie Chan 🇨🇳
6. Elon Musk 🇿🇦
7. Lionel Messi 🇦🇷
8. Narendra Modi 🇮🇳
9. Vladimir Putin 🇷🇺
10. Jack Ma 🇨🇳https://t.co/oBV8X1gh6E pic.twitter.com/IedkTP2d7c— YouGov (@YouGov) December 14, 2021
Меѓу жените, најпочитувани се американската актерка и специјален претставник на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, Анџелина Џоли, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, британската кралица Елизабета, водителката Опра Винфри, актерките Скарлет Јохансон, Ема Вотсон, пејачката Тејлор Свифт и активистката за човекови права Малала Јусуфзаи.
Компанијата забележува дека првите три позиции и на машката и на женската листа останале непроменети оваа година.
Анкетата се спроведува од пролетта оваа година. Во неа учествувале повеќе од 42.000 луѓе во 38 земји и територии.