Range Rover Sport SV

од Vladimir Zorba
395 прегледи

Range Rover Sport има нова врвна верзија – Range Rover Sport SV.

Има 4,4-литарски V8 мотор со 635 КС и 750 Nm (со режим на динамичко стартување привремено и 800 Nm благодарение на благиот хибриден систем), што е скок во споредба со 575 КС и 700 Nm што ги нуди 5,0-литарскиот V8 со компресор од претходната генерација SVR, кој овој SV го заменува.

Range Rover Sport SV од 2485 кг забрзува од 0 до 96 км/ч за 3,6 секунди и до максимална брзина од 290 км/ч, во споредба со стариот SVR од 4,3 секунди, со според фабричките податоци, CO2 емисијата на новиот модел е за 15 отсто помала.

Списокот со опции вклучува и 23-инчни Karon тркала и карбонско-керамички сопирачки.

Пакетот вклучува и подобрено управување, 6D Dynamics суспензија, копче SV режим на воланот (кое го прилагодува воланот, менувачот, активниот издувен систем и суспензијата, намалувајќи ја висината на возењето за дополнителни 15 mm), потоа изменети браници и прагови , спортски издувен систем со четири издувни цевки, како и спортски седишта со карбонска основа и интегрирани потпирачи за глава и логоа SV.

Од особен интерес е Body and Soul Seat (BASS), кое ги анализира музичките нумери кои се репродуцираат преку 29-те звучници на системот Meridian Hi-Fi и потоа ги пренесува соодветните вибрации низ предните седишта за вистински да ги потопи патниците во аудио искуството.

Компанијата вели дека веќе е распродадена од првата година на производство на Range Rover Sport SV. Единствената достапна верзија за моделската 2024 година е врвната SV Edition One со цена од 171.460 фунти.