Раперот J $tash наводно убил жена пред очите на нејзините три деца, пред да се самоубие со пиштол.
J $tash, чие вистинско име е Џастин Џозеф, почина во саботата во Калифорнија на 28-годишна возраст.
Според полициските извештаи, на 31 декември околу 07:15 часот добиле пријава за семејно насилство, а на местото на настанот го пронашле неговото и телото на неговата девојка Џенет.
Според тамошните медиуми, раперот се скарал со неа и ја однел во главната спална соба и ја заклучил вратата. Нивните тела биле пронајдени во собата.
-Жртвата се здобила со повеќе прострелни рани, додека машката жртва се здобила со самонанесена прострелна рана, соопшти полицијата.
Полицијата верува дека се работи за убиство и самоубиство. Присутни биле три деца на возраст од 5 до 11 години. Децата не биле повредени, а по трагичниот настан биле испратени да живеат кај роднините.