Раперот Фетмен Скуп почина откако колабирал на концерт во Конектикат

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Американскиот рапер Фетмeн Скуп почина на 54-годишна возраст, откако колабираше на сцената за време на концерт во Конектикат, изјави денеска неговиот претставник за Би-Би-Си.

Фетмeн Скуп одржал половина концерт во градот Хамден во петокот кога колабирал на сцената, а градоначалничката Лорен Гарет на Фејсбук објавила дека раперот со брза помош бил пренесен во локалната болница.

ПР агенцијата на раперот MN2S ја потврди неговата смрт во изјава за Би-Би-Си, велејќи дека „наследството на њујорчанецот ќе живее преку неговата безвременска музика“.

Слични содржини